182
Хрватот има договор со Реал Мадрид до летото 2021 година, но се верува дека оваа година ќе биде решавачка за него, по крајот на сезоната би можел да замине или да го продолжи договорот.
„Ел Мундо Депортиво“ тврди дека Реал Мадрид ќе му дозволи на Модриќ да замине доколку сака, веројатно за неговиот трансфер ќе наплати некоја разумна отштета.
Интерес за Модриќ има од МЛС, се шпекулира дека би можел да потпише за клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами, но се споменува и Атланта јунајтед.
Со оглед на тоа што веќе има 34 години, Модриќ е поблиску до МЛС отколку до друг европски клуб, но не се исклучува можноста ниту да остане во Реал Мадрид.