Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез демантираше
дека клубот има намера да го доведе напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, а како
причина за тоа ја наведе големата сума која би ја побарал неговиот тим, како и
тоа што во своите редови веќе го има Карим Бензема.
„Доведувањето на Кејн во Реал Мадрид не ми помина низ
главата, одличен фудбалер е, пред се’ млад, но не го контактиравме Тотенхем за ова
бидејќи сопственикот би ми барал 250 милиони евра. Пред него се години на
напредување, а ние сме воодушевени од Бензема и од останатите во нашата екипа“ рече Перез.
Во последниов период се зголемија шпекулациите дека Реал
Мадрид е сериозен во намерата да се засили со еден од најдобрите напаѓачи во
светот, но, по оваа изјава на Перез се чини дека Кралевите немаат таков
интерес.