Во Реал Мадрид веќе се подготвуваат за уште едно жешко трансфер лето, а шпанските медиуми најавуваат сериозни промени во играчкиот кадар на „кралевите“.
Раководството на Реал Мадрид смета дека е неопходно дополнително освежување на тимот и дека квалитетот треба да се зголеми на четири клучни позиции. Станува збор за десен бек, централен дефанзивец, креативец во средниот ред и офанзивец по десната страна.
Како најчесто споменувани имиња за засилување на средината на теренот се Витиња, Енцо Фернандез и Алексис Мекалистер, фудбалери кои се вклопуваат во профилот што го бара стручниот штаб. За централниот дел од одбраната одбрана, пак, како сериозна опција се споменува Нико Шлотербек.
Во овој момент нема конкретни информации за имињата кои се разгледуваат за позициите десен бек и десно крило, но јасно е дека на „Сантијаго Бернабеу“ се подготвува нов трансфер план со кој Реал сака да остане конкурентен на сите фронтови и во наредните сезони.