Перез добро знае како треба: Со еден потег заштедил милиони од отказот за Алонсо

by Стефан
1 минути читање

Чаби Алонсо летово потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид, но го напушти „кралскиот клуб“ на половина од првата сезона, а клубот поради едностраното раскинување на договорот ќе биде должен да му ја исплати само првата година од договорот, објави новинарот Мигел Анхел Дијаз.

Иако вчера попладне се појави информација дека двете страни спогодбено го раскинале договорот, ситуаацијатта е поинаква.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез самиот ја донел одлуката и ја му ја соопштил на Алонсо по враќањето од Џеда.

Вредноста на договорот на Алонсо со Реал Мадрид беше 21 милион евра, но со клаузула според која, во случај на отказ во првата сезона, како што се случи клубот е должен да му ја исплати само првата година.

Тоа значи дека со вметнувањето на клаузата ов лето, Перез за Реал заштедил 14 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×