Перез чека „зелено светло“ од Зидан

by
1 минути читање

Најавите дека напаѓачот
на францускиот шампион Монако, 18 годишниот Килијан Мбапе ќе ги засили редовите
на Реал Мадрид ова лето, сеуште се топ тема во фудбалска Европа.

Најновите
информации говорат дека последниот збор во целата ситуација го има токму
тренерот на „Кралевите“, Зинедин Зидан, од кого зависат многу работи во тимот,
барем така вели првиот човек на клубот, Флорентино Перез.

Зидан го следи
Мбапе неколку години, исто како што го следеше Варан. Морам да потенцирам дека
малкумина на таа возраст имаат простор во Реал Мадрид, тоа е привилегија. Кога
Зидан пристигна во нашиот тим имаше 28 години, мораме да бидеме трпеливи.
Дали  Мбапе ќе пристигне во нашиот тим
оваа година? Не знам, доколку Зидан рече „ОК“, во тој случај јас истовремено би
можел да кажам кого да продадеме
“ истакна претседателот на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани