Порто има одлична
сезона зад себе, во домашниот шампионат е израмнет со бодовите со Бенфика во
битката за одбрана на титулата, а во елитното европско клупско натпреварување
стигна до осумте најдобри, што е успех за таа екипа.
Сепак, искусниот
дефанзивец од редовите на Порто, Пепе испрати предупредување до Ливерпул,
потсетувајќи го Премиерлигашот дека тој сезонава ја очекува четвртата титула во
Лигата на шампионите, ако се земе во предвид дека претходно го подигаше тој
пехар како член на Реал Мадрид.
„Имам три титули
во Лигата на шампионите, оваа сезона ќе биде и четвртата титула, со божја воља“
рече Пепе во интервјуто за официјалниот сајт на Европската куќа на фудбалот.
„Знаеме дека ќе
биде многу тешко, играме против екипа како Ливерпул, која игра перфектен фудбал
под водство на нивниот тренер, сепак, ние сме истата екипа која мина во
досегашната фаза од ова натпреварување, ќе се бориме до крај“ посочи Пепе.
За утревечер е
предвидена првата пресметка помеѓу Ливерпул и Порто во која англиската екипа е
домаќин, во втората четвртфинална пресметка, во истиот термин од 21 часот се
среќаваат Тотенхем и Манчестер Сити.