Шпанецот, кој од Милан
е испратен на позајмица во Астон Вила, неодамна откри дека веројатно бил
заразен со коронавирус. Тој ги имал сите симптоми на Ковид 19, но не може официјално
да тврди бидејќи не направил тест.
Во разговор со
Кориере дело Спорт, голманот го сподели своето искуство, вели дека сега се
чувствува добро, но имало момент кога не можел да дише и едно 25 минути едвај
доаѓал до кислород.
„Заклучен сум
дома 18 дена, за среќа сум физички добро подготвен и тоа помогна. Не напраив
тест, но ги имав сите симптоми на коронавирус. Температура, сува кашлица,
постојана главоболка и чувство на замор. Најмногу се изплашив кога не можев да
дишам, едно 25 минути едвај доаѓав до кислород. Како грлото да ми беше смалено и
воздух не можеше да помине. Се чувствував
како да ме прегазил камион, тие 25 минути се најлошото искуство во мојот живот“ – раскажува Пепе Реина.