Пепе открива како Алонсо учел од Мурињо во Реал Мадрид!

by riste
1 минути читање

Жозе Мурињо му беше тренер на Чаби Алонсо во Реал Мадрид, а легендарниот Пепе сега зборува како сегашниот тренер на кралскиот клуб го ковал занаетот уште додека бил фудбалер.

Мурињо пред неколку години изјави дека очекува Чаби Алонсо да стане голем тренер, брзо потоа тоа и се случи. Шпанскиот стратег стана сензационален освојувач на Бундеслигата со Баер Леверкузен, а сега го презема Реал Мадрид.

„Кога Мурињо беше тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо го прашуваше многу информации, многу зборуваше со него, прашуваше зошто некои работи се прават на тој начин, па му даваше свое видување на нештата“, открива Пепе.

Изјавата на Мурињо која датира четири години пред Алонсо да стане тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×