Утре стартува второто
коло во англиската Премиерлига, а уште во истото ќе имаме можност да проследиме
големо дерби, каде силите ќе ги одбранат актуелниот првак Манчестер Сити и
Тотнем кој важи за еден од претендентите за титулата оваа сезона.
Во пресрет на
дерби пресметката која утре стартува со почеток од 18,30 часот, шефот на
стручниот штаб на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола го оцени противникот како втората
најсилна екипа во Европа, тоа впрочем е реална карактеристина на тимот од
Лондон со оглед на фактот што ланската сезона беше европски вицепрвак.
„Откако дојдов во
Англија тие постојано се дел од врвот, секоја сезона“ рече Гвардиола на
денешната пресконференција за Тотнем, екипа која го елиминираше Манчестер Сити
во четвртфиналето од Лигата на шампионите ланската сезона.
„Многу зборував
за Тотнем досега и секогаш го давав моето мислење во однос на таа екипа, тоа е
вториот најдобар тим во Европа, за мене тоа е доволно“ додаде тренерот на
Манчестер Сити.