Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека не му се допаднала судиската одлука во финишот од дербито против Ливерпул.
Во стотата минута Рајан Черки ја затресе мрежата по третпат, меѓутоа погодокот беше поништен поради прекршок на Доминик Собослај врз Ерлинг Халанд. Наместо признат гол, судијата му покажа и црвен картон на фудбалерот на гостите. По натпреварот Гвардиола отворено ја прокоментира ситуацијата.
„Зборуваме за здрав разум, нели? Колку влечења има во текот на натпреварот каде што судиите пуштаат предност? Само признај го голот, продолжи понатаму и дозволи му на Собослај да игра“, изјави Гвардиола.
„Граѓаните“ славеа на „Енфилд“ со 2-1 во рамки на 25. коло од Премиер лига.