Шефот на
стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола под будно око
следи двајца дефанзивци кои се на неговиот список на желби за засилувања во
јануарскиот преоден рок.
„Фотоспор“ пишува
дека по кризата со повредени фудбалери која завладеа во таборот на „Граѓаните“,
кои особено беа погодени со отсуството на Ејмерик Лапорт, столбот во одбраната
на таа екипа, како и Џон Стоунс, сега сериозно се размислува за Милан Шкринијар
од Интер, како и Чаглар Сојунчу од Лестер.
Токму тие двајца
се главните кандидати за да ги пополнат дупките во одбраната со кои се соочува
Гвардиола, нешто што остави негативен впечаток од новата сезона во
Премиерлигата, па токму во овој двоец се гледа решение на проблемите во тој дел
од играта на „Граѓаните“.