Пеп откако Сити загуби и падна на 25. место во ЛШ: Ова е реалноста!

by riste
1 минути читање

Пеп Гвардиола го прифаќа поразот од ПСЖ, вели дека францускиот тим бил подобар, се надева дека во последното коло ќе го совладаат Клуб Бриж и нема да испаднат од Лигата на шампионите.

Манчестер Сити се доведе во ситуација да се бори за опстанок во Лигата на шампионите. Во нокаут фазата продолжуваат 24 екипи, а тие се на 25. место на табелата.

Во последното коло го пречекуваат Клуб Бриж и со победа ќе влезат во следната фаза, но играат во многу променлива форма, па ниту триумф на тој меч не им е сигурен.

„Имаме последна шанса дома со Бриж и се надевам дека ќе се квалификуваме“, вели Гвардиола.

„За мечот со ПСЖ, ако не сме победиле, значи не сме заслужиле да победиме. Секогаш се тешки овие дуели, ова е ралноста, немаме доволно бодови и треба да го прифатиме тоа. Треба да направиме тоа што треба да го направиме“.

„Кога некој тим е подобар од вас, немам проблем да го прифатам тоа. Сега се подготвуваме за следниот меч, за дуелот со Челси, па потоа за финалето против Клуб Бриж. Треба да ги победиме нив“.

„Тоа треба да го направиме, да преживееме и да се обидеме да одиме напред“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани