Изминатиот викенд Агуеро урна рекорди на Анри и Ширер откако постигна хет-трик против Астон Вила.
Агуеро го помина Тјери Анри станувајќи странецот со најмногу голови во Премиерлигата, тој го постигна и 12 хет-трик со што го сруши и рекордот на Алан Ширер во таа категорија.
На прес конференцијата по мечот Пеп Гвардила му честита на Агуеро и го пофали, но на прашањето дали тој е најдобриот напаѓач со кој работел, стратегот немаше дилеми околу одговорот.
„Сакам да му честитам на Агуеро, сите фудбалери во соблекувалната му честитаа. Тоа што го сруши рекордот на легенда каква што е Анри значи дека не е фудбалер за краток период туку цело време игра добро. Странски фудбалер со најмногу голови и играч со најмногу хет-трика, таквиот учинок зборува сам за себе. Мене ми е чест што сум тука, негов тренер на денот кога го постигна тоа и одиме понатаму со надеж дека ќе дава уште голови“, вели Гвардиола.
„Најдобриот напаѓач со кој сум работел е Меси. Но Серхио секако дека е еден од најдобрите“, одговори Пеп на прашањето дали Агуеро е најдобриот со кој соработувал.