Манчестер Сити го претрпе седмиот пораз во последните десет натпревари во сите конкуренции, откако во Лигата на шампионите беше совладан од Јувентус (2-0).
По мечот во Торино пофални зборови за младиот и полетен ривал имаше Пеп Гвардиола.
„Иднината му припаѓа на овој тим на Јувентус, неверојатни се! Одигравме доста добро, горд сум на своите играчи. Дадоа свој максимум и се обидовме, но тешко е во Европа. Одигравме баш квалитетно. Најдобри сме, го сакам мојот тим и начинот на кој играме. Резултатите не можат да ме уверат во спротивното“, изјави Пеп.
Инаку Сити до крајот на лигашкиот дел ќе се судри со ПСЖ и Клуб Бриж. Барем една победа ќе им биде потребна на фудбалерите на англискиот првак за да се осигураат во нокаут фазата.