Чилеанецот е
обврзан кон „Топчиите“ до 30. јуни 2018, Арсенал е подготвен да го направи
Алексис Санчез најплатен играч во Премиерлигата, но фудбалерот се уште нема
донесено одлука за иднината.
Се верува дека Алексис Санчез сака да замине од Емирати, и за неговите услуги
интерес пројавија неколку клубови.
Манчестер Сити и
Баерн Минхен се посочуваа како најсериозни кандидати, а Арсен Венгер преферира
да го продаде играчот на клуб од странство.
Но Арсенал е
ставен во тесно, „Баварците“ се откажуваат од Чилеанецот поради високата сума
потребна за реализација на зделката.
„Не може да се
изгради нов тим со плаќање 100 милиони евра за фудбалери кои имаат 29 или 30
години” – вели првиот
човек на клубот, Ули Хенес.
„Граѓаните“ се
подготвени да платат 50 милиони фунти, сума која е прилично висока ако во предвид
се земе дека Алексис Санчез има само уште 12 месеци од договорот.
Не се исклучува во трката за Чилеанецот да се вмеша и Челси.