Четворицата дефанзивни фудбалери заедно со голманот кои ќе играат во стартниот состав на Манчестер Сити идната сезона би можеле да чинат околу 250 милиони евра!
По крајот на сезоната Гвардиола направи вистинска чистка кога се во прашање одбранбените фудбалери, Сања, Клиши и Забалета го напуштија клубот, а не е исклучено ниту заминување на Коларов.
Во стартниот тим од минатата сезона би требало да остане само Џон Стонс за кого Сити плати 55 милиони евра. Во овој преоден рок веќе го ангажираа голманот Едерсон кој дојде од Бенфика за 40 милиони евра.
Гвардиола се надева дека ова лето ќе ангажира уште еден штопер, лев и десен бек.
Бенџамин Менди од Монако веројатно ќе биде новиот лев бек, висината на трансферот треба да изнесува околу 45 милиони евра.
Првата желба на Гвардиола за нов штопер е Ван Дајк од Саутемптон кој нема да го продаде дефанзивецот за помалку од 70 милиони евра.
Прв пик за десен бек е Кајл Вокер од Тотенхем за кои спарси бараат 55 милиони евра, а Сити нуди 45, па се очекува да се најдат на средина.
Доколку се соберат овие суми и се остварат желбите на Пеп Гвардиола, Манчестер Сити идната сезона би имал одбрана вредна нешто повеќе од 250 милиони евра.