Саид Ел Мала од Келн се најавува како новото „чудо од дете“, а последните информации велат дека Пеп Гвардиола му фрлил око на офанзивниот фудбалер.
19 годишниот Саид Ел Мала блесна оваа сезона во дресот на Келн, доби и повик од сениорскиот тим на Германија, а со добрите партии го привлече и вниманието на многу клубови.
Како што пренесува Скај Германија, Манчестер Сити пројавува сериозен интерес за услугите на офанзивниот фудбалер.
Скаути на „граѓаните“ во неколку наврати го скенирале Саид Ел Мала, а и тренерот Пеп Гвардиола изгледал многу видеа и клипови од младото момче.
Келн нема намера лесно да се откаже од играчот, се шпекулира дека ќе бара најмалку 40 милиони евра, а одредени извори пренесуваат дека цената ќе биде нешто повисока, односно 50-60 милиони евра.
Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед, Барселона, Челси и Интер исто така го имаат Саид Ел Мала во своите бележници.
ФОТО: X/1. FC Köln