Пеп Гвардиола ќе потроши само 2 милиони евра за замената на Хулијан Алварез?!

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори пренесуваат дека Манчестер Сити ќе го ангажира Дивин Мубама, 19 годишниот Англичанец ова лето го напушти Вест Хем откако му заврши договорот.

„Граѓаните“ се во потрага на засилување за офанзивата по продажбата на Хулијан Алварез во Атлетико Мадрид, и повредата на талентираниот Оскар Боб.

Изминатиов период имаше многу гласини за тоа кои се играчи се во бележникот на Манчестер Сити, но последните информации говорат за изненадувачки трансфер.

Голем број на извори пренесуваат дека актуелниот шампион на Англија ќ го ангажира 19 годишниот Дивин Мубама.

Напаѓачот е слободен играч откако му заврши договорот со Вест Хем на крајот од јуни, но бидејќи помина осум години во школата на „чеканите“, Манчестер Сити ќе плати околу 2 милиони евра на име на компензација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани