Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека ако Арсенал или Ливерпул ја освојат Премиерлигата, тоа ќе биде само поради тоа што трошат многу пари.
„Граѓаните“ често добиваат критики дека освојуваат титули благодарејќи на тоа што трошат многу пари на засилувањата и Пеп Гвардиола ги добива играчите кои ги бара.
Па Шпанецот сега ги дочека своите пет минути за критика и возврати со иста мера.
„Ако Арсенал ја освои Премиерлигата, ќе му кажам на мојот пријател Микел Артета дека ја освоил титулата само поради тоа што потрошил многу пари, не поради тоа што работел многу со играчите“ – вели Пеп Гвардиола.
„Истото и за Ливерпул, ако Слот ја освои титулата, тоа ќе биде само поради тоа што потрошија многу пари“.
„Така? Не може прст да се вперува само во Манчестер Сити. Истото важи за сите“.