Пеп го губи трпението, Менди добил казна?

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола според информациите кои
пристигнуваат од Островот, го губи своето трпение кон бекот Бенџамин Менди,
поради неговото големо отсуство од терените.

Пеп наводно го
суспендирал Менди од првиот тим за една седмица, откако овој задоцнил цели три часа на
сесијата за рехабилитација. Францускиот дефанзивец веќе извесен период е вон стројот на тимот, и тоа поради повреда, нешто што е веќе редовна пракса кај него подолго време.

Не е прв пат
Менди да се здобие со казна од својот тренер, а кај каталонскиот фудбалски
стратег фрустрацијата од Французинот од ден на ден се зголемува, пред извесен
период тој доби и опомена да ги користи социјалните мрежи помалку од
вообичаеното, Французинот веднаш возврати на коментарите на Гвардиола,
ветувајќи дека ќе ја промени таа навика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×