Пеп брзо реагира откако беше изигран од Алвеш, плаќа 50 милиони фунти за нов десен бек

by
1 минути читање

Дани Алвеш овој месец требаше да пристигне на Етихад Стадионот, минатата недела тој беше на вечера со Пеп Гвардиола, но десниот бек на крајот му го сврте грбот на својот поранешен ментор.

Во последен момент богата понуда достави ПСЖ, па Дани Алвеш се пресели на Паркот на Принцовите.

Медиумите пишуваа дека Пеп Гвардиола бил разочаран, но Шпанецот не губи време и веднаш пронајде нов десен бек во името на Кајл Вокер од Тотенхем

Сепак, „Граѓаните“ добро ќе платат за новото засилување и ќе одвојат 50 милиони фунти за Англичанецот, сумата која ја бараат „Спарси“.

Медиумите од „Острвото“ велат дека се е договорено помеѓу двата клуба и во скоро време ќе пристигне официјална потврда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани