Пелистер во второто полувреме го скрши Шкупи, Башкими го доби и Тиквеш (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипите на Пелистер и Башкими врзаа по две победи во Првата македонска фудбалска лига откако денеска славеа против Шкупи и Тиквеш.

Шкупи кој се соочува со низа проблеми успеа некако да состави тим и се држеше против фаворизираниот  Пелистер еден час. Тогаш Ристиќ кој влезе во второто полувреме го скрши отпорот на чаирчани и го отвори резултатот.

Неговото влегување се покажа како клучен потег бидејќи беѓе и асистент за вториот гол кој беше дело на Булатовиќ.

За Пелистер ова беше втора победа во низа по поразот од Вардар во Скопје во првото коло.

Башкими во натпреварот во Куманово на свој терен го совлада Тиквеш со 3-1 и така и тие стигннаа до втор триумф во низа. Филип Алексовски постигна два гола, еден Симовски, додека за Тиквеш стрелаше Мишов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×