147
На еден ден пред одигрување на натпреварот меѓу Пелистер и Вардар, битолскиот клуб информира дека сите билети кои биле пуштени во продажба се продадени.
Пелистер утре во Битола ќе игра меч под рефлектори и тоа против вечниот ривал Вардар, интересот за овој натпревар беше до толку голем што билетите се продадоа на ден пред натпреварот.
И навивачите на Вардар, „Комити“ најавија голема инвазија во Битола, па утрешниот натпревар се очекува да биде голема фешта со сите спортски нишани.
Натпреварот се игра утре со почеток од 19 часот.