177
Фудбалскиот клуб Пелистер денеска го прослави јубилејниот 80. роденден, на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола гостуваше Динамо Букурешт.
Пелистер го доби мечот со 2-0, со голови постигнати во второот полувреме. Головите ги постигнаа Грозданоски во 75. минута и Ристевски од пенал на две минути пред крајот на регуларниот тек.
Овој меч со свое пиротехничко шоу го одбележа и навивачката група Чкембари која оваа година прославува 40 години постоење.