Струга со убедливи 4-1 го совлада Пелистер кој целото второ полувреме го одигра со фудбалер помалку откако во финишот заработија скандалозен црвен картон.
Во првото полувреме два гола беа постигнати од пенал, Кехинде погоди за водство на Струга, а потоа Ристевски израмни за Пелистер.
Но, во финишот од првото полувреме се случи клучниот момент, исклучен беше Филип Бошковски по еден дуел со домаќините. Впечаток е дека прекршокот беше преблаг за црвен, но така не мислеше и главниот судија кој го остави Пелистер со фудбалер помалку.
Пелистер во минатото коло се пожали на судењето со Вардар, а сега имаат материјал повторно да го направат тоа.
Со играч помалку Пелистер беше немоќен да избегне пораз кај актуелниот шампион.
Во вториот дел Струга даде уште три гола и на крајот победи со убедливи 4-1.
Утре се играат преостанатите дуели:
Брера – Вардар
Беса – Гостивар
Шкупи – Работнички
Тиквеш – Шкендија
Воска – Силекс