Пелистер се раздели со Талевски и Катаниќ, а промовира руско крило!

by 24 фудбал
1 минути читање

ФК Пелистер официјално ја прекина соработката со Александар Катаниќ, а исто така и Михаил Талевски не е повеќе член на битолскиот клуб, но се пофали и со првото зимско засилување.

Српскиот напаѓач Катаниќ сезонава не се изнаигра и забележа седум настапи постигнувајќи еден гол, но главно влегуваше од клупата. Од друга страна, од Пелистер нагласија дека ситуацијата со Михаил Талевски е спротивна. Клубот сакал да го задржи во своите редови, меѓутоа не успеал во намерата.

Талевски одигра 18 натпревари, а иако беше без учинок тој на теренот беше еден од најопасните во зелено-белиот дрес.

Нов член на Пелистер е рускиот фудбалер Захар Тарасенко. Станува збор за 27-годишно лево крило кое доаѓа од ерменскиот шампионат од редовите на Вест Ерменија. Тој во кариерата настапуваше и за Камаз, Долгопрудњи, Севастопол, Таврија, Ленинградец и ССхОР Зенит.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани