Фудбалскиот клуб Пелистер соопшти дека се разделува со осум играчи на кои им истекоа договорите.
„Со завршувањето на сезоната во Првата фудбалска лига истече договорот на неколку фудбалери кои го носеа дресот на Пелистер во сезоната 2024/25. Со оглед на тоа што нашите професионални патишта се разидуваат најсдречно им се заблагодаруваме за професионалноста и ангажманот на фудбалерите кои во новата сезона нема да го носат зелено-белиот дрес.
Искажуваме благодарност до: Дејан Ѓуриќ, Захар Тарасенко, Фернардо Брито Карваљо, Масааки Такахара, Бојан Спиркоски, Виктор Серафимовски, Даниел Карчески и Стефан Костов.
ФК Пелистер им посакува успех во следните професионалци предизвици“, стои во соопштението на Пелистер.