Денеска на програмата во македонската ПМФЛ на програмата е еден натпревар во кој ќе се сретнат екипите на Пелистер и Башкими.
Во дуелот на двете екипи кои сезонава се вратија во најсилната конкуренција Пелистер ќе бара излезе од кризата бидејќи зад себе има три порази во низа од Арсими, Македонија Ѓорче Петров и Работнчки, додека кумановскиот состав во натпреварот влегува со победа над Силекс во претходното коло.
На табелата Пелистер е на осмата позиција со шест бода, додека Башкими е петти со десет и со победа би се доближил до Силекс кој е трет со 15 и својот натпревар од ова коло веќе го одигра, тука е и Шкендија со 14, но тетовскиот клуб утре треба да ги омери силите со Работнички.
Натпреварот се игра на стадионот во Битола во терминот од 15:30 часот.