Е-спорт екипата на Пелистер предводена од македонскиот репрезентативец Давид Гаревски ќе игра во финалето на балканската ЕПСЦ лига.
Пелистерци во полуфиналето со 2-1 ја совладаа екипата на Црвена Звезда. Македонскиот претставник со одлични три натпревари во плеј-офот стигна до заслуженото финале. Регуларниот дел од сезоната Пелистер го заврши во второто место.
Финалниот натпревар за Пелистер ќе донесе пресметка со грчки ПАОК. Терминот на одигрување е петок во 20:00 часот.