Екипата на Пелистер го запиша првиот сезонски триумф, совладувајќи ја Брера во Струмица со 1-2, откако претходно стартуваше со пораз од Вардар.
Сите возбудувања на овој дуел се случија во второто полувреме. Претходно, во првиот дел, единствено вредно за истакнувње беше погодокот на Ензиге кој беше поништен поради игра со рака.
Резултатот го отвори Мирко Ивановски во 57. минута од белата точка, откако претходно Брера ја имаше најголемата шанса на спротивната страна. Битолчани ја удвоија предноста во 70-тата минута преку Филип Бошковски
Сепак, домаќините не се предадоа, капитенот Антовски со убав гол со удар од далечина во 76. минута ја врати надежта за Брера. До крајот имаа уште неколку прилики, но домаќините не успеаа да дојдат до бод.
Во последните моменти од натпреварот Пелистер остана со играч помалку поради црвениот картон на Здравковиќ, но тогаш веќе беше предноцна за домашниот состав да ја искористи таквата предност.
Брера така ја отвори сезоната со два порази по првите две кола, откако во воведниот меч беше убедливо совладана од Силекс (5-0). Пелистер, пак по порзот во Скопје ги освои првите три бода.
Исто така треба да се истакне дека за Пелистер ова беше прв триумф над Брера (Академија Пандев) во трумица по седум години.