Од таборот на Пелистер изразија негодување од одлуката судијата Игор Стојчевски да ја дели правдата на вечното дерби против Вардар во недела.
Второто коло во ПМФЛ ја носи големата пресметка помеѓу Вардар и Пелистер, за вечното дерби да биде на највиско ниво, одбран е вечерен термин на Арената „Тодор Проески“ со присуство на двете навивачки групи.
Сепак, „зелно-белите“ негодуваат на одлуката судијата Игор Стојчевски да ја дели правдата.
„Сакаме да ја апострофираме нашата целосна доверба во структурите и професионалците во Судиската комисија при ФФМ, но изненадени сме од делегирањето на скопски судија. Се прави лош исклучок кој не им помага на клубовите, а ниту на судијата Игор Стојчевски и неговите помошници. Сметаме дека постои широк избор на судии кои не доаѓаат од Скопје или Битола, а можеа да бидат делегирани. Ниту на судијата Стојчевски не му се прави услуга, туку му се наметнува директен притисок пред најголемиот натпревар во мак-фудбаалот“ – се вели во дел од соопштението на Пелистер.
Довербата да ја дели правдата на натпреварот помеѓу Вардар и Пелистер му е доделана на Игор Стојчевски, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Даниел Василевски. Четврти судија ќе биде Александар Урошевиќ.