71
Македонските прволигаши ги привршуваат подготовките за вториот дел од сезоната, во ек се последните пријателски натпревари.
Пелистер тренираше ефикасност против Преспа, им даде шест гола победувајќи ги со 6-0.
Петковски даде хет-трик, а по еден гол постигнаа Спировски, Здравковиќ и Булатовиќ.
Тиквеш доживеа неочекуван пораз од Тетекс, кавадаречкиот клуб загуби со 2-4, а головите за нив ги постигнаа Сила и Голубов.