Пелистер го пречекува Вардар под рефлектори, Работнички е домаќин на Шкендија

by riste
2 минути читање

Денеска на програмата е 13. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу големите ривали Пелистер и Вардар, меч кој се игра во вечерен термин (19ч) на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Вечрва во Битола се очекува вистински фудбалски спектакл. За натпреварот меѓу Пелистер и Вардар владее голем интерес, билети снема на ден пред одигрување на дуелот. Атмосферата ќе биде жешка, најавена е и голема инвазија на „Комити“, па и двата тима ќе имаат сериозна поддршка од трибините.

Првата пресметка оваа сезона меѓу ривалите ја доби Вардар со 1-0, но во Битола фаворитската улога ќе ја има Пелистер. Не само поради домашниот терен, туку и поради актуелната форма.

Битолчани немаат пораз на последните четири натпревари, немаат ниту победа, натпреварите ги завршуваат со реми, имаат дури седум нерешени резултати во изминатите 12 кола, две победи и само три порази.

Вардар исто така има две победи, но дури осум порази, затоа има пет бода помалку од Пелистер и се наоѓа на дното на табелата.

Денешниот меч во Битола не е значаен само поради вечното ривалство на двата тима, туку и поради бодовите кои им се неопходни и на Вардар и на Пелистер во борбата за опстанок.

Интересен дуел има и во Скопје, на мегдан ќе излезат првите две екипи на табелата, Работнички ја пречекува Шкендија.

На Чаир, Шкупи ќе биде домаќин на Гостивар, Брера игра против Силекс, Воска ќе се сретне со Тиквеш, а актуелниот шампион Струга гостува кај Беса.

Дербито меѓу Вардар и Пелистер се игра од 19 часот, сите останати натпревари почнуваат од 13 часот.

ПМФЛ 13. коло:
Пелистер – Вардар
Работнички – Шкендија
Шкупи – Гостивар
Брера – Силекс
Воска – Тиквеш
Беса – Струга

Табела: Работнички 24, Шкендија 23, Силекс 21, Гостивар 21, Струга 19, Шкупи 16, Брера 15, Пелистер 13, Беса 12, Воска 10, Тиквеш 8, Вардар 8.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани