Пелистер на 9 јануари 2026 година ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната. Со работен состанок и прв тренинг на стадионот „Петар Милошевски“, битолскиот клуб ќе ги отвори активностите во новата година, а за тогаш се закажани и медиумски обврски со официјална прес-конференција.
Првата фаза од подготовките ќе се одвива во Битола, додека од 17 до 31 јануари Пелистер ќе престојува во турската Анталија, каде тимот ќе ја темпира формата преку тренинзи и меѓународни пријателски натпревари.
За време на подготовките во Турција, Пелистер ќе одигра три контролни средби. На 20 јануари против Спартак Суботица од Србија, на 24 јануари против Железничар од Босна и Херцеговина и на 28 јануари против Невбахор Наманган од Узбекистан.