275
Од редовите на Пелистер утрово информираа дека Димитар Капинковски повеќе не е шеф на стручниот штаб.
Пелистер очајно ја започна сезоната и по девет кола тимот се наоѓа на 10-тата позиција со само седум бода. Но, интересно е што отказот доаѓа само еден ден по ремито со актуелниот шампион Шкендија. Тоа реми беше и прекинување на црната серија во која беа избраниците на Капинковски од пет порази во низа.
Засега не е познато кој ќе биде новиот предводник на битолскиот клуб, а од Пелистер најавија дека тоа ќе биде познато во наредните денови.