Пелистер без сили за достојно простување од Европа, Лех убедлив и во Струмица (ВИДЕО)

by
3 минути читање

Екипата на
Пелистер забележа пораз и на реванш средбата против Лех Познан, овој пат на
домашен терен во Струмица, каде гостите си заминаа со триумф од 0-
3. Вклучувајќи го оној од дома, Лех со
вкупен резултат од
7-0 патува
во следната рунда квалификации за Лига Европа.

Се чини дека
реваншот во Струмица беше само формалност, иако Пелистерци најавија дека сакаат
достојно да се простат од Европа ова лето, сепак до тоа не дојде.

Тралка во 39. минута
ги доведе гостите во почетно водство од 0-1, Лех со минимално водство замина
на пауза.

Гостите не ги штедеа силите ниту во во второто полувреме, па така
во 66. минута Јевтиќ две минути откако влезе на теренот веќе зголеми на 0-2. 

Конечните 0-3 ги постави Јожвиак, и тој беше „џокерот“ од клуката на гостите, ја затресе мрежата од голот на Пелистер по само седум минути игра.

Шефот на
стручниот штаб на Пелистер, Начи Шенсои се реши за следните
: Јовановски, Тошевски, Тодоровски (Лукас 46), Љамчевски, Силва, Илијоски, Ковачев,
Маркоски (Цветаноски 60
),
Пеев, Петров (Трифуновски 76
) и Илиев.

Полскиот тим
имаше поддршка од своите фанови на стадионот „Младост“ во Струмица

Фото: lechpoznan.pl

Од останатите
македонски претставници во ова елитно европско клупско натпреварување, Шкендија
со триумфот на гости кај Дачија во Молдавија од 0-4 го визираше патот во
второто коло по победата дома од 3-0, додека Работнички на полувремето од мечот
против Тре Пене од Сан Марино имаше водство од 2-0 и веќе е со една нога во
следната фаза по минималниот триумф од 0-1 на гости.

 

Фото-вест:
Lech Poznan (Facebook)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани