Пелегрини си оди од Рома, но останува во Серија А!?

by riste
1 минути читање

Според „Скај Спорт Италија“, капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини би можел да замине од Олимпико уште во јануари, а интерес за него има и од Наполи и Фиорентина.

Пелегрини има пад во формата и веќе не е во главните планови на Рома, па веќе подолго време се шпекулира за разделба.

Наполи и Фиорентина ја следат ситуацијата на Пелегрини и се подготвени да реагираат во наредните недели.

Фиорентина токму од Рома го донесе Бове, тој веќе не може да игра за нив откако му вградија дефибрилатор, па виолетовите ќе се обидат да го донесат неговиот поранешен соиграч и репрезентативец на Италија, Лоренцо Пелегрини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани