1,K
Лоренцо Пелегрини
ја инспирираше Рома за „покер“ во провото полувреме. Фудбалерот од средниот ред
забележа три асистенции и помогна неговиот тим на пауза да замине до предност
од 4-0.
Тој најпрво од
корнер нафрли за 1-0 со голот на Кристанте. Џеко зголеми на 2-0 во 19. минута,
а 180 секунди подоцна Мхитарјан погоди во своето деби на додавање на Пелегрини. Италијанецот
потоа му асистираше и на Клајверт за 4-0 во 33. минута.
Во продолжението
од мечот следуваше мало опуштање, Берарди постигна голчиште од слободен удар во
52. минута, а истиот играч во 73. минута ги постави конечните 4-2 и го ублажи
поразот на Сасуоло.