Пеле во лоша состојба е примен во болница

by
2 минути читање
82-годишниот Пеле бил брзо однесен во болница од страна на својата 56-годишна сопруга Марсиа Аоки и негувателката која се грижи за него.

 

Според „ЕСПН Бразил“ докторите му дијагностицирале на Пеле срцева слабост. Тој не можел самиот да се храни, а неговото тело било со отоци.

 

Пеле се бори и со рак, но се верува дека третманот кој го користел не бил успешен. Информациите велат дека неговото тело не одговарало позитивно на хемотерапијата која ја примал.

 

Во текот на денот врз Пеле ќе бидат направени повеќе тестови со цел комплетно да се утврди неговата состојба. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани