114
Исланд испиша
нови страни во фудбалската историја откако по вчерашната победа од 2-0 над
Косово обезбеди настап на СП 2018.
„Рибарите“ станаа
најмалата земја која некогаш обезбедила учество на Светските првенства, Исланд
има популација од околу 335.000 жители.
Селекторот,
Хејмир Халгимсон, кој работи како забар кога нема фудбалски обврски, не можеше
да поверува како успех постигнале и остана без зборови.
„Ова е навистина
чудно, не знам што да кажам. Одиме на светско, Пеле, Марадона… и Арон Еинар
Гунарсон” – рече Халгимсон по последниот свиреж на судија, мислејќи на капитенот на репрезентацијата.