Изминативе десет
години, Реал Мадрид има само две титили во Ла Лига, една освои Атлетико, а
Барселона дури во седум наврати стигна до насловот шампион на Шпанија.
Според пишувањата
на „Ел конфиденсиал“, Хулен Лопетеги кога изминатово лето го превзел кормилото на „Кралевите“ сметал дека приоритет е да се триумфира во домашното првенство и да се прекине доминацијата
на лутиот ривал Барселона.
Но Флорентино
Перез не мислел така и го известил стратегот дека главна цел е триумф во Лигата
на шампионите на „Ванда Метрополитано“. И доколку овој успех дојде во директен
дуел со Барселона, уште подобро!
Иако сите во Реал
се свесни дека ќе биде мноту тешко четврта година во низа да се стигне до
титулата во Лигата на шампионите, претседателот на Реал смета дека ова е
приоритет.
Доколку
„Кралевите“ продолжат со доминацијата во Европа, и тоа на теренот на градскиот
ривал Атлетико, па уште и против лут ривал како Барселона, тоа ќе го дигне
Реал на една нова височина, целото медиумско внимание ќе биде насочено кон нив
а тоа ќе донесе и многу повеќе милиони во клупската класа.
Флорентино Перез
не е загрижен поради тоа што Реал не освојува титули во Шпанија, се додека
неговиот тим триумфира во Евроопа. За титулите на Барса во Ла Лига никој не
зборува, дури ни медиумите од Каталонија, тие се во сенка на историјата која
„Кралевите“ ја испишуваат во Лигата на шампионите.