Пееше и обезбедувањето: Фановите на Челзи го испратија капитенот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Екипата на Челзи
ја освои титулата во најсилниот фудбалски шампионат во светот, англиската
Премиерлига, трофејот го запечати со убедливата победа од 5-1 над Сандерленд на
домашен терен.

Вчерашниот
натпревар беше последен во дресот на Челзи за долгогодишниот капитен на тимот
од Лондон, 36 годишниот дефанзивец Џон Тери по 492 одиграни натпревари и 41
погодок во дресот на „Сините“.

Големи емоции
имаше на „Стемфорд Бриџ“, фановите на фантастичен начин го испратија капитенот, притоа на фанатичното навивање и скандирање од трибините не одолеа ниту
обезбедувањето кое се приклучи кон навивачите.



Вие сте
најдобрите навивачи во светот, ви благодарам за сета поддршка која ми ја
дававте во текот на мојата кариера, ќе го поддржувам овој клуб целиот мој
живот, ве сакам сите…
“ порача Тери во своето обраќање сред теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани