Педро: Срамота, ова не е онаа Барселона која јас ја познавам!

by
1 минути читање

29 годишниот
офанзивец од редовите на Челси, Педро Родригез очигледно дека тешко го
поднесува тоа како неговиот поранешен клуб Барселона ги третира младите
фудбалери на клубот, кои мораат да излезат од него за да бараат прилика за
докажување.

Базичната филозофија
на Барселона исчезна, во мојот период ние имавме 11 фудбалери кои дојдоа од
младинските погони и кои беа фантастични фудбалери на кои им се пружи голема
прилика, сега тоа повеќе не постои, срамота. Од она што можам да го видам,
многу фудбалери се одлучуваат да го напуштат тимот за на друго место да бараат
прилика да се докажуваат
“ изјави Педро.

Во периодот
2008-2015, Педро одигра 204 натпревари за првиот тим на Барселона, на кои
постигна 58 погодоци, по што следеше преселба во Челзи пред две години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани