Барселона го доживеа првиот пораз во новата сезона од Ла Лига, и тоа на болен начин со убедливи 4-1 на гостувањето кај Севиља.
Каталонците имаа шанса да се вратат во игра при резултат 2-1, но Роберт Левандовски не реализираше пенал, по што Севиља со два брзи погодоци во финишот ја потврди големата победа.
По натпреварот, Педри не го криеше разочарувањето од слабото издание на тимот.
„Ужасно… слободно можам да кажам дека одамна не сме одиграле толку слаб натпреваар како денес со Севиља. Се мачевме со топката, немавме одговор за нивниот пресинг „човек на човек“, немавме ниту интензитет во одбраната. Првото полувреме беше катастрофално, не знаевме ни како да напаѓаме ниту пак како да се браниме. Мораме да поправиме многу работи, позитивната серија што ја имавме е прекината, треба да бидеме самокритични, да видиме каде сме погрешиле за тоа да не ни се повтори“, изјави плејмејкерот на Барса.