Репрезентацијата на Србија со пресврт стигна до победа од 2-1 против Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар одигран во Бачка Топола.
Гостите поведоа уште во осмата минута преку Абдулах Ал Хамдан, а Србија до паузата не успеа да најде одговор.
Во вториот дел следеше реакција на домаќините. Страхиња Павловиќ израмни во 67 минута со атрактивен погодок по мешаница во шеснаесетникот, а само три минути подоцна Александар Митровиќ го комплетираше пресвртот за конечни 2-1.
За Србија ова беше прва победа во мартовскиот циклус по поразот од Шпанија (4-0), додека Саудиска Арабија го запиша вториот неуспех по оној против Египет (4-0).