468
Чешката фудбалска легенда Павел Недвед би можел да се врати на спортот на кој го посвети животот.
По играчката кариера тој работеше во управата на Јувентус, а во јануари 2023 година доби осуммесечна суспензија поради скандал. Истата важеше само за Италија, ама тој не пронајде нов ангажман и досега е слободен.
Сега Недвед е пред преземање на нова директорска функција и тоа во првенството на Саудиска Арабија.
Павел Недвед ќе стане нов директор на тамошниот клуб Ал Шабаб и на тој начин ќе се врати на фудбалот.