Пауновиќ со силна порака на стартот од мандатот: „Репрезентацијата мора да се почитува!“

by 24 фудбал
1 минути читање

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ, на својата прва прес-конференција испрати јасна и недвосмислена порака до сите играчи кои ќе го носат дресот на националниот тим.

Пауновиќ ќе дебитира на клупата на „орлите“ на натпреварите против Англија во Лондон и Летонија во Белград, а уште на стартот на својата мисија стави до знаење дека дисциплината и односот кон националниот тим ќе бидат приоритет.

Додека јас сум тука, сакам да се почитува репрезентацијата. Во разговор со соработниците детектиравме проблем кој мора моментално да се реши. Сакам јавно да кажам дека репрезентацијата мора да се почитува, да се одговара на повици, да не се измислуваат повреди и разноразни причини. Ако не, мораме во Сојузот да воспоставиме кодекс и последици за сите кои не го исполнуваат култот и вредностите кои треба да ги има секој репрезентативец. Тоа се работи кои мора брзо да ги дефинираме. Би сакал сите млади момци, но и останатите, да ја чујат оваа порака и да знаат дека од нив зависиме“, изјави Пауновиќ.

Новиот селектор најави и можност за враќање на браќата Милинковиќ Савиќ во националниот тим, а неговиот настап на првата прес-конференција јасно покажа дека во репрезентацијата на Србија почнува нова ера со јасни правила и цврст ред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×