Пауновиќ ги шокираше Србите, може експресно да си замине!

by Стефан
1 минути читање

Иако неодамна беше промовиран како нов селектор на Србија, на местото на Драган Стојковиќ – Пикси, Вељко Пауновиќ би можел да се повлече од функцијата веќе следната година, пред почетокот на Лигата на нации и квалификациите за ЕУРО.

Се сметаше дека прашањето за селекторската позиција е затворено, но по денешниот дуел со Летонија, 48-годишниот тренер изненадувачки отвори дилема околу својата иднина. На прес-конференцијата, едно од клучните прашања беше дали ќе продолжи да го води националниот тим, а неговиот одговор ја остави српската јавност во шок.

„Ова беше ургентна мисија. Сите сценарија беа во оптек. Нема да кажам дека исходот би ја променил мојата одлука да останам, но не сакам сега да зборувам о тоа. Човечки е да размислам, морам да направам анализа“, рече Пауновиќ.

Бидејќи Србија не избори пласман на Светското првенство, следниот официјален натпревар ќе го одигра дури во септември 2026 година, на стартот од Лигата на нации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×