974
Некогашниот фудбалер Патрик Клајверт наскоро би можел да ја преземе селекцијата на Индонезија.
Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо најавува дека Клајверт официјално ќе биде претставен на 12 јануари во Индонезија.
Репрезентацијата на Индонезија во овој момент е третопласирана во групата „Ц“ од третата рунда во азиските квалификации. Главната цел која ќе биде поставена пред Клајверт ќе биде пласман на Светското првенство во 2026 година.
Индонезија во својата историја досега настапила само на еден Мундијал и тоа во далечната 1938 година.