Македонецот ова
лето имаше неколку понуди, дури и од Кина, но останување во Џенова му беше
приоритет и минатиот месец тој прифати три пати помала плата за да ја продолжи
авантурата со „Рособлу“.
Но медиумите од
Србија сега го поврзуваат со сензационален трансфер во Партизан.
Извештаите велат
дека „Црно-белите“ имаат амбициозни планови откако обезбедија настап во
групната фаза од Лига Европа.
Се говори дека веќе е договорен Зоран Тошиќ, поранешниот играч на Манчестер
јунајтед и ЦСКА Москва следната недела треба да стави потпис на две годишен
договор.
Наводно веќе бил
остварен контакт и со Горан Пандев за да се опипа пулсот на капитенот на
„Црвено-жолтите“. Привчните сигнали биле позитивни но проблем може да
преставуваат финансиите.